Почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија
Во својот дом во Панчево, денеска почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија.
Величковски е роден на 29 август 1973 година во Крива Паланка, Република Македонија. Со неговата мајка од Македонија доаѓаат во Јабука, Панчево и таму продолжува да живее. Оженет е за Адела со која имаат три ќерки. Неговото семејство живее во Панчево.
Борче Величковски е претседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија во четири мандати 2010-2014, 2014-2018, 2018-2022 и 2022-2026 година, избран на електорски собранија.
Националниот совет е законска форма на културна автономија на националните малцинства во артикулацијата на нивните интереси пред институциите на власта на Србија и законска форма на месна самоуправа во заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот и историскиот идентитет на националните малцинства во Србија.
Националниот совет на Македонската заедница во Србија е формиран на 26 декември 2004 година, во првиот мандат до 2010 година претседател е Јован Радевски. Од 2004-2010 година, Борче Величковски е секретар на Националниот совет на Македонската заедница во Србија.
Борче Величковски е дипломиран менаџер по медиуми. Неговата работна кариера бележи 10 години работно искуство во стопанството, 10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизам во заштитата на човековите и малцинските права и слободи.
