Почина бебето на родилката од Желино
Бебето на родилката од Желино која почина, починало вчера.
Бебето е родено во петокот на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово. Мајката на возраст од 30 години почина при породувањето, а бебето починало вчера на Детската клиника во Скопје, информираа од Министерството за здравство.
„Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“- информираат од министерството.
На родилката ова ѝ била втора бременост.
Слично
