ПОЧИНА АЛЕКСАНДАР МИЖИМАКОВ: Беше долгогодишен снимател во МРТ
Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков. Мижимаков беше професионалец со големо работно искуство. Тој беше снимател на документарно играна програма, дневно информативната како и значително активен во филмската индустрија, објави Здружението на новинари на Македонија.
„Тој беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочувство до семејството и пријателите“, се вели во објавата.
Слично
