Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина 65-годишна жена од коронавирусот, за едно деноноќие уште 25 новозаболени

Почина 65-годишна жена од коронавирусот, за едно деноноќие уште 25 новозаболени

Почина 65-годишна жена од коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека пациентката имала повеќе коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност. 

Истовремено, тој информираше дека денеска од Клиниката за инфективни болести биле испишани 5 пациенти, на кои им бил направен 2 контролен тест за коронавирусот, кој е негативен. Во добра здравствена состојба се и пациентите во Дебар кои се на домашно лекување. На 11 од нив ќе им бидат земени конгролни брисеви, а сите се во добра општа здравствена состојба.

Филипче информираше и за дневната статистика според која во моментов има вкупно 354 заболени од коронавирусо. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Слично

Поврзани вести