Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА 27-ГОДИШНИОТ ХРВАТСКИ РАКОМЕТАР: Борбата за животот Денис Тот ја изгуби на КАРИЛ

ПОЧИНА 27-ГОДИШНИОТ ХРВАТСКИ РАКОМЕТАР: Борбата за животот Денис Тот ја изгуби на КАРИЛ

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде од синоќа бил сместен во критична состојба. Информацијата ја потврди и ГРК Охрид, ракометниот клуб кој на својата страница на Фејсбук се збогува од 27-годишниот Тот. Тој претходно играл за нив.

-Охрид ќе те пам,ети засекогаш, велат во објавата.

Во однос на неговата здравствена состојба, директорот на ТОАРЛУЦ, д-р Александар Трајановски вели дека не се констатирани активни супстаниции во неговиот организам при анализите на крв, ниту пак имал знаци на насилство.

-Едноставно неговопто срце откажа, рече д-р Трајановски.

Претходно, како што за Фактор информираше раководителката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска, хрватскиот ракометар бил донесен кај нив без срцева акција, по што по повеќе реанимации е вратен во живот и бил ставен во индуцирана кома.

Од МВР утринава информираа дека дека вчера 07.04.2022 во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

-СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, се вели во соопштението на МВР.

А.Б.

Слично

Поврзани вести