Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧЕТОК НА СЕПТЕМВРИ: Еве какво време се очекува

ПОЧЕТОК НА СЕПТЕМВРИ: Еве какво време се очекува

Во следните денови се очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината со температури кои што ќе бидат над границите на просекот за овој период од годината. 

Во петок и сабота ќе биде претежно сончево и топло време со температури, како утринските така и дневните ќе бидат над повеќегодишниот просек. Во петок утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека пак дневните од 26 до 36 степени. Во сабота минималната температура ќе биде од 11 до 21 додека пак максималните дневни од 27 до 37 степени. Во недела умерено облачно време и нестабилно време со услови за преодна дестабилизација на времето што ќе услови и локални врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури кои што ќе се движат од 22 до 32 степени, а утринските без промена како и претходниот ден од 11 до 21 степен, во текот на денот услови за локални врнежи. Во понеделник ќе имаме претежно сончево и свежо време, минималните температури од 7 до 17 степени, додека пак дневните од 20 до 30 степени. 

Слично

Поврзани вести