Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почетник со авто-школа прегазил мотоциклист, кој се бори за живот

Почетник со авто-школа прегазил мотоциклист, кој се бори за живот

Вчера во 18 часот и 50 минути на магистралниот пат А2, се случило тешка сообраќајна незгода во Кичево, откако кандидат за возачки испит со возило на авто-чкола прегазил мотоциклист, кој сега се бори за живот. 

Имено патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач, 18- годишниот А.С од Кичево, во присуство на инструктор, 26- годишниот Б.С од Кичево, удрило во мотоцикл „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 20- годишниот С.Б од село Челопеци. кичевско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, се вели во соопштение од полицијата. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.


Слично

Поврзани вести