Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почесниот конзул на Македонија во Барселона се обидел да си го одземе животот

Почесниот конзул на Македонија во Барселона се обидел да си го одземе животот

Почесниот конзул на Македонија во Шпанија кој е притворен се обидел да си го одземе животот, неколку дена по убиството на своите две деца пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на локални шпански медиуми.

Неговиот адвокат потврдил дека тој вчера не се појавил пред судот во Кејп Таун бидејќи бил во болница со сериозни повреди на стомакот.

Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата Андре Траут.

Кога мајката пристигнала во семејната вила, осомничениот убиец избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.

„Околностите за убиството и причината за смртта на тригодишните близнаци се уште се испитуваат“, изјави полицискиот портпарол.


Слично

Поврзани вести