Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побрзајте со филтрите, порака од министерот Амети до Југохром

Побрзајте со филтрите, порака од министерот Амети до Југохром

Министерот за животна средина Башким Амети денеска го повика раководството на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце да го забрза процесот за поставување филтри со што ќе се исполнат условите овој производствен капацитет повторно да почне да работи.

- Раководството на комбинатот мора најинтензивно и најбрзо да работи на поставување на филтрите за да може комбинатот да работи и вработените да се вратат на нивните работни места. Го охрабрувам раководството на комбинатот да изнајдат решение за барањето на вработените се до поставување на филтрите, рече Амети на прес-конференција.

Денеска работниците на Југохром одржаа нов протест, овој пат во Скопје со барања да продолжи работата додека се поставуваат филтрите бидејќи се во тешка економска состојба. Амети посочи дека ги разбира барањата и маките на работниците од „Југохром“ дека уште на почетокот потенцирале дека не било лесно да се донесе одлуката за затворање на комбинатот.


Слично

Поврзани вести