Побегнав за да не ме тепаат! Момчето што усмрти дете на „Пластичарска“ призна вина
На 15 ноември 21-годишното момче кое пред еден месец со возило „мерцедес“ на улица „Пластичарска“ усмрти 10-годишно дете, ќе ја слушне пресудата, откако денес ја призна вината и рече дека побегнал од местото на трагедијата затоа што му било страв да не го претепаат.
– Многу ми е жал за тоа што го сторив. Се каам за тоа што го направив. Не можам да спијам. Свесно и доброволно признавам – рече обвинетиот.
Јавниот обвинител во завршниот збор, побара при одмерувањето на казната Судот да ги има в предвид сите олеснителни и отежнителни околности, како и да делува превентивно за другите учесници во сообраќајот.
Сообраќајната несреќа се случи на 12 октомври, а неколку часа по несреќата, полицијата го пронајде возачот кој побегна од местото на несреќата.
Тој возел со 76 километри на час, и со предниот дел од возилото удрил во телото на детето кое го минувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.
