ПОБЕДНИК Е ОНОЈ КОЈ ЦВРСТО ОСТАНАЛ НА НОЗЕ - еве што вели Игор кој бара лекот да го добијат сите пациенти со Цистична фиброза
Не е победник оној кој се откажал од проблемите. Победник е оној кој цврсто останал на нозе борејки се.... со овие зборови се огласи младиот Игор Пехчевски од Берово кој во македонската јавност стана познат по неговата борба да се донесе лекот „Трикафта“ во Македонија за лекување на болните од Цистична фиброза.
Тој постојано апелираше да се активираат надлежните и лекот да го увезат со цел на лицата кои боледуваат од оваа болест, меѓу кои е и самиот, да добијат шанси за подобар живот.
По макотрпната борба за увоз на лекот, тој се избори и самиот да го добие лекот, за што објави на својот Фејсбук профил. Но, продолжи да објавува за лекот, за подигање на нови пакувања од лекот со апел истиот да го добијат сите пациенти во Македонија на кои лекот „живот им значи“.
