Економија, финансии, бизнис

Контакт

Победничко селфи на четата на „Ел Команданте“

Победничко селфи на четата на „Ел Команданте“

Ракометарите на машката репрезентација и македонскиот селектор Раул Гонзалез по победата од еден гол разлика над Црна Гора го направија и второто селфи од соблекувалната. 

Четата на Ел Командате со голема радост и задоволство ја прослави втората победа на вториот меч на Европското првенство во Хрватска што е прв пат во историјата на нашиот ракомет, машката селекција да забележи две победи по првите две кола од групната фаза.

Македонија прикажува неверојатна стабилност во клучните моменти, трпеливост и мудрост, храброст на помладите играчи да преземат одговорност, спортска интелигенција на најискусните во тимот и цврста одбрана со блескави моменти на голманите кои знаат да фатат најтешки топки.

Во среда ракометната репрезентација го игра дербито на колото против Германија која е актуелен европски првак и барем со нерешен резултат ќе го задржиме првото место во групата.

Слично

Поврзани вести