Победи како кандидат на ДПА, му се налути на Тачи и премина кај Села
Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садику, кој во изборната трка влезе како кадар на ДПА, денеска изјави дека преминува во Алијансата за Албанците на Зијадин Села.
Вели дека ваквата одлука ја донел затоа што претседателот на ДПА Мендух Тачи тргувал со ДУИ за, како што рече, партијата на Али Ахмети да ја добие општината.
„Лидерот на ДПА ме продаде многу евтино, ја знам таа цена. Заедно со ДУИ беа подготвени да ја сменат волјата на граѓаните на Студеничани. Но, наидоа на клинец“, рече Садику.
Тачи одговори дека ако сакал Садику да загуби, тоа ќе се случело. Единствено што е важно, додаде Тачи, е што Садику победил.
ДПА на овие локални избори победи само во Студеничани.
Слично
