„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател
Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Победата на Трамп (кој победува затоа што им вети на граѓаните дека може да ги реши сите проблеми на Америка по принципот, лек за сите болести) е последниот чекор кон најдолната линија во развојот на светот во 21 век.
Со челници како Трамп, Путин, Орбан, Ердоган, Нетањаху, Си Ѓинпинг, Ким Џонг Ун, корумпираните кадри во ЕУ парламентот и ЕУ комисијата, Вучиќ, било кој од Бугарите кои се менуваат на раководното столче, ... светот ја достигнува најдолната линија на синусоидата на развојот.
Добро би било луѓето да најдат сили да тргнат нагоре без нова светска војна.
Се плашам дека историјата не ме поддржува во ове надежи“, напиша таа.
