Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побарувачката за кредити ќе се намали

Побарувачката за кредити ќе се намали
Расте бројот на банкари што очекуваат олеснување на условите за кредитирање на компаниите, но расте и бројот на оние што сметаат дека во првиот квартал од годинава се очекува делумно заострување на кредитните услови за населението. Во исто време, според оценките на банкарите, побарувачката на кредити кај нaселението ќе се намали, а кај корпоративниот сектор ќе се зголеми. На годишна основа, според мерењата на НБРМ, стапката на кредитната активност  изнесувала 10%. Се зголемува бројот на банкари што очекуваат намалување на побарувачката на кредити од страна на населението во првите три месеци од годинава. Имено, анкетата на Народната банка за кредитната активност покажува дека 11,3% од менаџерите на банките изјавиле дека во овој период побарувачката делумно ќе се намали, додека 49,8% сметаат дека таа ќе остане непроменета а 39% дека делумно ќе се зголеми. Овие очекувања на банкарите што ги искажале во последниот квартал од лани се различни од очекувањата во третиот квартал, кога поголем дел од нив изјавиле дека побарувачката делумно ќе се зголемува.
Слично

Поврзани вести