Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побарајте електронска картичка за ЈСП во локалните продавнички

Побарајте електронска картичка за ЈСП во локалните продавнички

Покрај билетарите на ЈСП новите електронски неперсонализирани картички ќе може да се купат и на пеесетина локации низ Скопје преку продажната мрежа воспоставена од мастер дилерот. Станува збор претежно за локални продавнички во скопските населби кои ги продаваат неперсонализираните електронски картички и исто така вршат надополнување на средства за користење како кредит или пак на специфични билети.

-Во текот на јануари 2017 година, претпријатието отвори уште 55 нови продажни места, како дел од продажната мрежа на мастер-дилерот. Во овој момент, граѓаните ќе можат да бидат услужени на вкупно 30 продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, 110 продажни места на мастер-дилерот и на 3 автомати за картички (ТВМ), соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Во локалната продажна мрежа не може да се купат персонализирани електронски картички кои се наменети за пензионерите и за месечните билети на поединци, па така за нив ќе треба да се упатите во пунктовите на ЈСП каде се врши фотографирање и издавање на картичката „Моја скопска“.


Слично

Поврзани вести