Економија, финансии, бизнис

Контакт

По збогум на екстерното, Владата ја одложува и Кембриџ програмата за средно

По збогум на екстерното, Владата ја одложува и Кембриџ програмата за средно

Владата на вчерашната седница донесе одлука да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Министерството за образование и наука е задолжено да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

Претходно Владата со законски измени го укина екстерното тестирање на сите ученици, а вети и ревизија на квалитетот на учебниците како и други непотребни и конфузни проекти.

Слично

Поврзани вести