По Захариева, и Андреј Ковачев го критикуваше говорот на Димитров
Ја продолжувате политиката на културен етноцид што започна во 1945 година, вели бугарскиот европатеник Андреј Ковачев, по обраќањето на македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Тој му забележува на Димитров за повеќе работи кои ги кажа во говорот.
„Никола Димитров, очигледно ги браните оние што го уништуваат мајчиниот јазик на стотици илјади Бугари од Македонија“, вели Ковачев.
Тој вели дека Бугарите во Македонија биле навредувани, пренесуваат медиумите од соседството.
И бугарската пратеничка и екс министерка за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева била разочарана од Димитров.Грција пак не се сложува со блокадата на Бугарија.
Слично
