Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ВЛАДИНИОТ ДЕМАНТ - повлечена веста дека тројца владини министри се вакцинирале преку ред

ПО ВЛАДИНИОТ ДЕМАНТ - повлечена веста дека тројца владини министри се вакцинирале преку ред

На официјалниот твитер профил на Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, утрово се појави твит со демант за наводното вакцинирање министри.

По владиниот демант веста беше повлечена, односно не можеше да се отвори.

А во неа стои дека навдно заменик премиерот Артан Груби, како и министрите за образование и за правда, Мила Царовска и Бојан Мариќиќ, биле вакцинирани преку ред, односно добиле ВИП вакцинација.

Демантот е упатен кон, како што велат, лажната вест што ја сподели Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

Во прилог твитер статусот пренесен во целост:

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, се вели во твитер профилот на портпаролот на Владата.

Слично

Поврзани вести