Економија, финансии, бизнис

Контакт

По владина и собраниска делегација оди во Албанија

По владина и собраниска делегација оди во Албанија

Откако премиерот Заев ја водеше владината делегација на посета на западниот сосед, сега и собранискиот спикер Талат Џафери ќе предводи собраниска делегација на официјална тридневна посета на Република Албанија. 

Ваквото патување ќе значи и мал застој во работата на Собранието каде има тесно мнозинство за носење одлуки, особено во овој период на неизвесност за пополнување на празните министерски и заменички места, но според најавите изборот на предлозите на владата ќе следат од идната недела.

Според најавената агенда претседателот на Собранието, Џафери, за време на посетата да има средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, заменикот на претседателот на Владата, Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Во делегацијата на Собранието на Република Македонија се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Република Албанија.

Последниот ден на неговата посета, предвидено е Џафери да го посети и Пустец, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница. 

Слично

Поврзани вести