Економија, финансии, бизнис

Контакт

По веста за прислушувањето во ОЈО Владата се огласи-ќе се истражува случајот

По веста за прислушувањето во ОЈО Владата се огласи-ќе се истражува случајот

Нов скандал поврзан со прислушување.

Обвинителите во скопското обвинители со години биле прислушувани а осуди по оваа вест стигнаа од владата од каде велат дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека Владата очекува институциите со полн капацитет да се посветат на истрагата, да се расчисти настанот и јавноста да биде веднаш и целосно информирана.

– Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека МВР е целосно вклучено во предистражната постапка. Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница. Владата на РМ исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располага доколку тоа е потребно и биде побарано, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески денеска соопшти дека од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации.

Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив. Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје


Слично

Поврзани вести