Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГИ ОСВОИЈА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ, НА РЕД СЕ ТРОТОАРИТЕ: На сообраќајниот срам му нема крај

ГИ ОСВОИЈА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ, НА РЕД СЕ ТРОТОАРИТЕ: На сообраќајниот срам му нема крај

Возење по тротоар како да е улица. Ова е сликата во нашата „чудесна“ Македонија, а што е најстрашно очигледно станува збор за секојдневна ситуација. 

Кратко видео од возачи кои наместо на улица, возат по тротоари е објавено на социјалната мрежа Фејсбук, во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. На неа се гледа како возилото лагодно вози по тротоар. Иако не може точно да се утврди за која локација станува збор, сепак, не е причина да не се испита и да се казнат прекршителите, бидејќи без казни прекршувањето на правилата нема да запрат. 

Видеото може да го погледнете на следниов линк.

Ова не е прв пат да се вози по површини кои не се предвидени за пешаците, но за жал се стекнува впечаток дека нема да биде ниту последен. 

Фактор веќе пренесе за опуштениот шофер кој без проблем си возеше по велосипедска патека на кејот на реката Вардар како да е улица. 

 Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести