Економија, финансии, бизнис

Контакт

По вчерашните препукувања Зврлевски и денес главна расправа во Собрание

По вчерашните препукувања Зврлевски и денес главна расправа во Собрание

Бурно заврши вчерашната седница во Собранието каде се дебатираше за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Од говорницата „перфектниот обвинител“ како што еднаш го нарече претседателот на Советот на јавни обвинители Аневски, рече дека работел професионално.

„Како јавен обвинител, стручно и усшено сум завршил стотици предмети, од секаков вид и карактер, лесни и тешки. Обезбедивме службени мобилни телефони за сите обвинители, за дел од администрацијата, обезбедивме преносни и персонални компјутери за сите обвинители и вработени во службата“ - посочи Зврлевски.

Власта и опозицијата и овој пат со жестоки препукувања.

Опозиционерите мобилизирани застанаа на страна на обвинителот, додека владеачкото мнозинство со аргументи дека Зврлевски брани криминал бараат негово разрешување.„

За жал, Јавното обвинителство заедно со дел од судството во РМ претставуваа и се уште во сегменти претставуваат дел од криминалната спрега која раководеше со институциите на нашата држава. Дали тоа некој го направил свесно или несвесно не можеме и не смееме да даваме оправдување“ - рече Шилегов, според кого не е врв туку дно на кариерата работењето на Зврлевски.

Пратениците од власта повторно ја напуштија салата, кога за реплика се јави пратеникот Крсто Муковски, кој, како што велат, го бојкотираат бидејќи не заслужува да биде сослушан, оти на снимките, велат јасно се гледа дека тој ја отворил вратата на 27 април.

„Кога веќе сакате да смените државен јавен обвинител, да измислите посериозни теми, врз основа на кои ќе го барате тоа, а не само политички памфлети да ми нудите“ - изјави Крсто Јовановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Седницата по барање на пратениците од опозицијата наместо да продолжи по 18 часот, поради денешниот празник, кој не е неработен ден, продолжува во 11 часот.

Слично

Поврзани вести