Економија, финансии, бизнис

Контакт

По три седмици Гевгелија се врати на ковид картата

По три седмици Гевгелија се врати на ковид картата

По неполн месец Гевгелија е градот кој се врати на ковид картата во земјава. 

По три седмици, откако немаше регистрирано заразени со коронавирусот, Гевгелија од вчера повторно се врати на ковид картата со еден заболен пациент. Случајот, како и зголемувањето на бројот на новоинфицирани во земјава, дојде како потврда на констатацијата на епидемиологот од гевгелиската ПЕ за јавно здравје, Сашко Олумчев дека владините мерки за олабавување од нашите сограѓани се погрешно сфатени. Тој вели дека Владата ги ублажи мерките не за ние да одиме масовно по свадби и крштевки и на одмор во земјава и странство, туку да ни помогнат да почнеме економски да функционираме и колку толку да се вратиме во нормала. Тој потсетува на почитување на превентивните мерки. 

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од новозаболените од Скопје се четворица, Тетово исто така четворица, а од Кичево еден.

Слично

Поврзани вести