Економија, финансии, бизнис

Контакт

По три години доцнење се отвара „Стариот театар“, чини над 20 милиони евра

По три години доцнење се отвара „Стариот театар“, чини над 20 милиони евра
По доцнење од неколку години, утре ќе биде свечено отворен Стариот театар во Скопје. За време на отварањето ќе бидат изведени фраг­мен­ти од по­ве­ќе прет­ста­ви , а во рам­ки­те на при­мо­пре­да­ва­ње­то ќе би­де про­мо­ви­ран и Му­зе­јот на МНТ, кој прет­ста­ву­ва пр­ва те­а­тар­ска му­зеј­ска збир­ка фор­ми­ра­на и пре­зен­ти­ра­на во земјава.
Но­ви­от те­а­тар што е из­гра­ден врз те­ме­ли­те на ста­ри­от те­а­тар, кој се ур­на во зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на има по­вр­ши­на од 7.200 ква­драт­ни ме­три. Ау­ди­то­ри­у­мот на об­је­ктот е по­де­лен на го­ле­ма са­ла со пар­тер, две га­ле­рии со вкуп­но 724 се­ди­шта, ка­ко и ма­ла са­ла со 213 се­ди­шта.  Надлежните веќе подолго време најавуваат дека со из­град­ба­та на „Ста­ри­от те­а­тар“, Ма­ке­до­ни­ја за прв­пат до­би­ва со­вре­мен те­а­тар­ски про­стор во кој ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат бројни со­др­жи­ни со ви­со­ки тех­нич­ки пер­фор­ман­си. Колку чинеше изградбата? Пожар и куп одложувања на градежните работи ја следеа изградбата на театарот, а покрај првичниот, со многуте дополнително потпишани договори за дореализација на проектот, сумата за изградба на објектот надмина 20 милиони евра. Првично, театарот требаше да биде готов кон крајот на 2009 година. Според последните најави, требаше да пуштен во употреба на 27 март- Светскиот ден на театарот, но и тоа не се случи. Објектот е дел од проектот „Скопје 2014“ и почна да се гради на почетокот на 2007 година, според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан. Главен изведувач на Стариот театар е градежната компанија Бетон од Штип. Надлежните првично најавија дека изградбата на објектот ќе чини 6 милиони евра.
Слично

Поврзани вести