Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ТРИ ДЕНА ПАК ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Охрид

ПО ТРИ ДЕНА ПАК ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Охрид

Земјотрес од 2,6 степени е регистриран денеска во охридското епицентрално подрачје.

Според податоците од Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 11 часот и 18 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 105 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот e почувствуван во југозападниот дел од Македонија, и тоа во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во саботата во Охрид и околината е почувствуван земјотрес од соседна Грција со јачина од 4.3 степени. 

Земјотрес во градот имаше и минатата недела. 

Слично

Поврзани вести