Економија, финансии, бизнис

Контакт

По три дена одмор пратениците се враќаат во Собрание: Што следува по острите реторики на Груевски и Заев од викендов?

По три дена одмор пратениците се враќаат во Собрание: Што следува по острите реторики на Груевски и Заев од викендов?

Десет дена Собранието е закочено во несогласувањата, меѓусебните обвинувања и препирања меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Наместо да се дискутираат најважните точки, да се избере комисија за именување и избори и да се назначи нов собраниски спикер, пратениците се расправаа околу албанската декларација.

Жестоки превирања и остра реторика меѓу партиите имаше и викендов.

Екс премиерот Никола Груевски со жестока порака ја вжешти атмосферата порачувајќи му на својот опонент Заев да не се обидува да избере собраниски спикер пред Велигден зошто ВМРО ДПМНЕ ќе одговори жестоко.

„Го предупредувам да не си поигрува со демократијата во Македонија, да не си поигрува со народот бидејќи оваа држава не е негова, државата е на народот. И тој не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија и платформи од туѓи држави. ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и соодветно“, изјави Груевски.

СДСМ реагираше и ги поби овие обвинувања.

Од партијата на Заев велат дека мирниот трансфер на власта е нивен приоритет и дека тоа ќе се случи многу брзо при што ги повикаа опонентите да се држат до здравата памет.

Денеска во 11 часот Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница.

Слично

Поврзани вести