Економија, финансии, бизнис

Контакт

По трагедијата во Тетово, знамињата во амбасадите и мисиите се на половина копје

По трагедијата во Тетово, знамињата во амбасадите и мисиите се на половина копје

Знамињата во амбасадите и мисиите се на половина копје, а настаните се откажани. 

Министерството за надворешни работи објави дека во согласност со Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово, во сите амбасади и мисии во странство знамињата се спуштени на половина копје. Знамињата ќе бидат на половина копје додека траат деновите на жалост. Сите закажани настани, приеми и промоции во рамки на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.

Обдукцијата на загинатите 14 лица во пожарот кој вчера избувна во тетовската модуларна болница каде се лекуваа ковид пациенти, се очекува да заврши утре.

Сочувство до семејствата на жртвите, искажаа и политичари од регионот. 

Слично

Поврзани вести