ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО ДИСЦИПЛИНАТА Е ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМА: Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета, уверува директорката на ДСЗИ, Бухова
Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и
санитарен инспекторат, утринава
гостуваше во Утрински брифинг, каде што проговори за активностите на Инспекторатот во изминатиов период,
а конкретно се задржа на контролите што ги изврши ДСЗИ во сите мопдуларни
болници низ Македонија по трагедијата во тетовската модуларна болница, во која
живоптот го загубија 12 пациенти и уште две надворешни лица.
-Ние сме постојано на терен. Немаме
затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8
септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема
дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај. Ковид одделенијата имаат апсолутна
забрана за посета, нагласи директоркта Бухова во Утрински брифинг.
