ПО СТРУГА, МЕРКО ЌЕ ГО РАЗВИВА И РЕГИОНОТ: Избран е за лидер
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион на првата конститутивна седница.
Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој, и поголема поддршка во реализацијата на проекти што ќе придонесат за намалувањето на диспаритетите меѓу регионите во државата, како и во нивните рамки.
Од околу 126 милиони денари, средства што се планирани да се реализираат во следната година преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се очекува околу 115 милиони да бидат пласирани во деветте општини, со цел да се подобрат условите за живот.
Поголемиот дел од средствата се обезбедени националниот буџет, преку Бирото за регионален развој и другите линиски министерства, а останатите се од донаторската заедница.
