Економија, финансии, бизнис

Контакт

По сторијата на ТВ 24 се активираше Бојан Јовановски: Семејството Нешковиќ ќе добие заштита и помош

По сторијата на ТВ 24 се активираше Бојан Јовановски: Семејството Нешковиќ ќе добие заштита и помош

Денеска тим од Меѓународниот сојуз Скопје го посети семејството Нешковиќ во скопско Љубанци по сторијата на Телевизија 24.

Семејството Нешковиќ живее во загрижувачко небезбедни и мошне лоши економски услови.


Во согласност со своите програмски цели и активности, Меѓународниот сојуз Скопје како што претходно објави, ќе започне со итно реновирање на домот во којшто живее ова семејство во село Љубанци, а во соработка со градежни компании.

Истовремено оттаму соопштуваат дека покрај обезбедувањето на еднкократната материјална помош, ќе бидат покриени вкупните трошоци за претстој во градинка за малолетните деца, а за мајката е обезбедно вработување во ресторанот „Дион“ во Скопје. Семејството Нешковиќ, исто така, ќе може и бесплатно да се храни во овој ресторан во следната година.


Тимот од Меѓунардониот сојуз Скопје се надева дека со овие активности и помош ќе допринесе за достоиствен живот за ова семејство и повторно враќање на насмевките на нивните лица!

Слично

Поврзани вести