Економија, финансии, бизнис

Контакт

По средбата со Туск, Пендаровски смета дека заслужуваме европска перспектива

По средбата со Туск, Пендаровски смета дека заслужуваме европска перспектива

Покрај премиерот Заев, на средба со претседателот на Европскиот совет беше и шефот на државата.

Стево Пендаровски според објавите на социјалните мрежи имал пријателска средба со Туск.

Двајцата соговорници размениле мислења за севкупните состојби во Република Северна Македонија и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија.

-Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат европска перспектива и датум за отпочнување на претпристапните преговори. Верувам дека 28-те земји членки на ЕУ ќе донесат одлука во полза на нашата европска иднина. Пријателска средба денеска во Скопје со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск-напиша Пендаровски.


Слично

Поврзани вести