Економија, финансии, бизнис

Контакт

По средбата со Хан, Груевски не даде изјава

По средбата со Хан, Груевски не даде изјава

Лидеро на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пристигна на средба со еврокомесарoт Јоханес Хан, со доцнење од скоро 40 минути. 

Тој кажа дека средбата не сака да биде снимена. Груевски не даде изјава за медиуми по завршувањето, а од ВМРО-ДПМНЕ најавиле дека утре ќе информираат преку соопштение за детали од средбата. 

Хан денеска се сретна со лидерите на повеќе политички партии. Тој препорача брзо да се формира влада, затоа што земјата ја очекуваат многу предизвици. Хан советувал да се спроведе Договорот од Пржино и што е можно побрзо да се продолжи на патот кон евроатланските интеграции.

Ова е прва посета на Хан на Македонија по изборите од 11 декември. 

Слично

Поврзани вести