ПО СРЕДБАТА КАЈ ГЕРАСИМОВСКИ, ИВАНОВСКА ЗАГРИЖЕНА: Не слушнав решение за справување со урбаниот хаос и дивоградбите
Независната кандидатка за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, вчера беше на средба кај старо-новиот градоначалник Горан Герасимовски.
На социјалните мрежи таа сподели за што се зборувало и за што е загрижена.
„Бев на средбата кај градоначалникот бидејќи реков дека ќе бидам конструктивна кон сите решенија и предлози кои се транспарентни и во корист на граѓаните.
Но ме загрижува фактот дека на вчерашниот состанок не слушнав решение за справување со урбаниот хаос и дивоградбите.
Чекаме градоначалникот да почне со реализација на ветувањата од кампањата.
Урбаниот хаос е нешто што најмногу го ремети животот во Центар“, напиша таа на социјалните мрежи.
Слично
