Економија, финансии, бизнис

Контакт

По спроведениот попис, познато колку бездомници има Македонија

По спроведениот попис, познато колку бездомници има Македонија

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по спроведениот попис, објави дека Македонија има 350 бездомни лица.

- Тоа е онаа бројка за која ние и претходно претпоставувавме дека постои, според резултатите од центрите во Визбегово, Чичино Село и другите. Овој пат пописот го потврди тоа, рече Шахпаска на денешната прес-конференција.

Таа наведе дека пописот на целокупното резидентно население од 1 април ќе биде безбеден и ќе се спроведува со почитување на протоколите, а податоците ќе бидат особено важни за министероството за труд и социјална политика.

Шахпаска наведе дека податоците за попишаните пензионери, лица со попреченост и деца во претшколска возраст ќе бидат најважни за министерството.


Слично

Поврзани вести