Економија, финансии, бизнис

Контакт

По смртта на Вања, да се прилагоди музиката во угостителските објекти

По смртта на Вања, да се прилагоди музиката во угостителските објекти


Општина Центар упати јавен апел до угостителските објекти во следните два дена да го прилагодат тонот и содржината на музиката што ја емитуваат, по обелоденетото убиство на ученичката Вања Ѓорчевска.

„Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан“, се огласи Општина Центар.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.


Слично

Поврзани вести