Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ОД РЕСЕН: Ќе има вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести

ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ОД РЕСЕН: Ќе има вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести

Во текот на денешниот ден од заменик министерката д-р Маја Манолева е испратена наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче.

Ова го соопштија од Министерството за здравство. 

Револтиран и разочаран, Драгољуб Китоски од Ресен со пост на социјалните мрежи раскажува за патешествието низ кое поминале викендов со сопругата, при што го изгубиле нивното штотуку родено синче. 

Имено, како што веќе се пренесува низ медиумите, во петокот во Клиничката болница во Битола со царски рез се родило машко новороденче, кое починало следниот ден. 

Бебето било испратено кон Детската клиника во Скопје, но оттаму родителите само добиле известување дека починало. 

Слично

Поврзани вести