Економија, финансии, бизнис

Контакт

По смртта на Јовица Илиевски, во Брвеница ќе има нови избори за градоначалник

По смртта на Јовица Илиевски, во Брвеница ќе има нови избори за градоначалник

Владата во рок од 30 дена ја почнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник во Брвеница откако почина Јовица Илиевски. 

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја почнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

„Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови“, соопшти владата.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Централниот штаб на партијата му оддаде последна почит на прерано починатиот Илиевски.

Мицкоски во својата порака изрази длабока тага по повод загубата на својот пријател и сопартиец, истакнувајќи дека неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, но и за жителите на Општина Брвеница, која Илиевски неизмерно ја сакал и за која несебично работел.

Илиевски почина на 23 јуни.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести