Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Скопје, денес Велес има најмногу нови заболени од ковид

По Скопје, денес Велес има најмногу нови заболени од ковид

Веднаш зад  Скопје,  Велес денес е втор град  со најмногу нови заболени од ковид -19. 

Велес има 81 нов заразени, и е пред Куманово, Прилеп, Битола. Бројот на активни во градот изнесува 850, а досега во Велес се потврдени 4.935 ковид случаи откако почна пандемијата. 

Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.

Во последните 24 часа се направени 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на коронавирусот, објави Министерството за здравство. 

Слично

Поврзани вести