Економија, финансии, бизнис

Контакт

По сирење и месо во соседството - купуваат за да заштедат

По сирење и месо во соседството - купуваат за да заштедат

Како што се зголемуваат цените во Србија, граѓаните семејно одат на шопинг во соседството, а пред се во Унгарија. 

Ова најмногу им се исплати на граѓаните од пограничните градови. Во Сегедин купуваат сирење и месо и се облекуваат од глава до пети. 

Србите купуваат сирење кое е квалитетно, а при тоа е поевтино за 150 динари. 

Пилешкото месо и млечните производи во Унгарија се намалени за 5%. 

Се препорачува во Србија веднаш да се купат форинти, наместо евра да се менуваат таму затоа што така повеќе се исплати. 

Дел од српските граѓани купуваат и во Босна. 

„Купив чинии, чаши и повеќе ми се исплати  да одам до Бјелина, отколку да одам и да купувам во Белград“ - вели Милена С. 

Србите се почесно практикуваат заради цените бензин да полнат и во соседството. 

Слично

Поврзани вести