ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети
По Штип, силниот ветер направи штети и во Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.
Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи дека јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, ќе извршат санација на местата каде е предизвикана штета.
Во Штип имаше 20 интервенции. Ветерот оштети покрив на училиште, а имаше и паднати дрвја.
Слично
