Економија, финансии, бизнис

Контакт

По шест години пост стигна долго очекуваната и многу посакувана награда! „Стопанска банка Скопје“ ќе истури 65 милиони евра дивиденда!

По шест години пост стигна долго очекуваната и многу посакувана награда! „Стопанска банка Скопје“ ќе истури 65 милиони евра дивиденда!

Државата преку УЈП од Стопанска банка Скопје по основ на персоналец и особено данок за заддршка за најголемиот странски акционер ќе наплати 6,5 милиони евра. Околу 55,4 милиони евра одат во Грција кај најголемиот акционер НБГ, а повеќе од 1.400 македонски државјани ќе поделат над 3 милиони евра. Сопствениците на приоритетни акции само ќе гледаат оти ја игнорираа нивната шанса која дојде со понудата на најголмиот акционер да ги конвертираат приоритетните акции во обични. За нив дивидендата е само 6 денари по акција, додека за секоја обична акција дивидендата е 229 денари...

„Стопанска банка Скопје“ ќе подели 65 милиони евра на своите над 1.500 сопственици на обични акции. Најголем дел од дивидендата ќе оди на контото на најголемиот акционер – грчката национална банкарска групација НБГ која поседува 94,64 отсто од сите обични акции.

Според предлог одлуката за претстојното акционерско собрание закажано за на 31 мај годинава бруто износот на дивиденда што ќе ја подели оваа банка изнесува 65 милиони евра за распределба на дивиденда.

Бруто дивиденда по акција е 229 денари, што значи дека по одбитокот на персоналецот за физички лица и данокот на заддршка за странски правни лица -акционери добивката по акција изнесува 206 денари за секоја обична акција со право на глас. Во предлог одлуката пишува дека дивидендата ќе се исплаќа на 10 јули.

Дивиденда ќе добие секоја акционер впишан во акционерската книга на 12 јуни година. Сопствениците на акции од 13 јуни па натаму се без право на дивидедна.

Добивката за 2024 година во износ од безмалку 50 милиони евра ќе биде задржана и ограничена за распределба, а 8 милиони евра ќе одат во инвестиции за потребите на Стопанска банка Скопје.

Најголема дивиденда досега што била исплатена за секоја обична акција на „Стопанска банка Скопје“ изнесуваше 159 денари бруто и беше исплатена во 2017 година.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести