Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ШЕСТ ГОДИНИ ЧЛЕНСТВО ВО УПРАВНИОТ ОДБОР - Алвин Аличевиќ ја напушта позицијата во Шпаркасе банка и заминува од Групацијата во нови предизвици

ПО ШЕСТ ГОДИНИ ЧЛЕНСТВО ВО УПРАВНИОТ ОДБОР - Алвин Аличевиќ ја напушта позицијата во Шпаркасе банка и заминува од Групацијата во нови предизвици

По шест години во кои членуваше во Управниот одбор на Шпаркасе банка, Алвин Аличевиќ заминува од оваа позиција, но и од Групацијата Шпаркасе.

„На 5.10.2023 г., по повеќе од 6 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Алвин Аличевиќ одлучи да прифати нови предизвици и да ја продолжи својата кариера надвор од Шпаркасе Групацијата“, информираа од банката.

Оттаму нагласуваат дека Аличевиќ, за време на неговиот ангажман, настојувал позитивното долгогодишно искуство стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесе и да го примени во секојдневното работење во Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Мојaта досегашна работна кариера ја посветив на зајакнување на позиционираноста на Шпаркасе Банка АД Скопје, но исто така и на дигитализација на Банката и градење силен посветен тим. Заедно, успешно ја завршивме интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка АД Скопје и многу успешно ја позициониравме Шпаркасе Банка на пазарот“, изјави тој.

Шпаркасе Банка му благодари за досегашниот ангажман и му посакува понатамошен професионален успех и богата кариера.

Слично

Поврзани вести