ПО СЕРИОЗНИОТ ПРОБИВ ВО ПОЛИТИКАТА СКАНДАЛИ ВО БЕСА: Што се случува во партијата на Касами?
Движењето БЕСА го тресат скандали. Поделби на скопско и тетовско крило чиј исход е Конгрес закажан на 24 февруари.
Откако доживеја пробив во политиката, па дебакал на изборите тиквата во БЕСА изгледа пукна.
Како што пренесуваат дел од медиумте вчера се одржале два посебни состаноци во Скопје и во Тетово, каде скопското крило го разрешил Билал Касами од претседателското место, додека пак тетовското крило му дало мандат да управува со партијата до следниот Конгрес.
Засега не се познати причините поради овој раздор во партијата која во Собранието има 5 пратеници и дејствува како опозиција.
Како што посочил Орхан Муртезани ЦО на Беса со мнозинство гласови донело одлука Касами да се разреши а причина била неговата одговорност за изборниот резултат и пад на партијата.
Беса два месеци била блокирана и Муртезани изјавил дека не се почитува статутот на партијата од страна на Касами.
