ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА: Малолетничка oд Пробиштип со нож го избоде татка си
Малолетничка oд Пробиштип со нож го нападна татка си.
Во семејниот дом, утрово во 9.40 часот, 16-годишното девојче со остар предмет му нанело убодна рана на својот татко И.А. (46) по претходна расправија помеѓу родителите, информираат од СВР Штип.
Повредениот маж е пренесен во Здравствениот дом Пробиштип, каде му е укажана лекарска помош.
„Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, полицијата извршила разговор со мајката и другите две деца во семејството. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следи соодветна пријава“, информираат од полицијата.
По извршен преглед, и малолетничката е однесена во здравствена установа. Полициските билтени се полни со пријави за семејно насилство.
Слично
