Економија, финансии, бизнис

Контакт

По седум месеци, починатите нема да се погребуваат во лимен сандак: Зошто баш сега?

По седум месеци, починатите нема да се погребуваат во лимен сандак: Зошто баш сега?

Нема детали зошто Владата одлучи сега да дозволи починатите лица кои биле позитивни на коронавирусот да не се погребуваат по залиен лимен сандак? Зошто ова се случува седум месеци по појавата на епидемијата, имало ли прекршувања и зошто семејствата кои имаа смртни случаи се изложуваа на толкави трошоци за сандаците а сега препораките се менуваат? Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес конференција само изјавија дека протоколот е сменет по препорака на епидемиолозите и Комисијата за зарзани болести. 

На вчерашната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест КОВИД-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.

„Владата наведува дека подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест КОВИД-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.Согласно протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволено, но не порано од една година, извести вчера Владата.

Слично

Поврзани вести