По само 5 месеци како уставен судија, Гоце Наумовски поднесе оставка
Уставниот судија Гоце Наумовски ја поднесе својата оставка до Собранието, по само пет месеци од неговиот избор на таа позиција. Од Собранието за ТВ21 изјавија дека ја прифатиле оставката, истата е архивирана, но дека сè уште не е доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Гоце Наумовски беше избран за судија на Уставниот суд во февруари оваа година, по предлог на Собранието.
Наумовски е професор на Катедрата за римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Пред изборот во Уставниот суд, тој беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски.
Тој беше номиниран за уставен судија од владејачкото мнозинство.
Слично
