По рекордниот број хоспитализации, Филипче на состанок со директорите на клиниките
Министерот за здравство Венко Филипче попладневно имал работен состанок со директорите од Клиниките на Клинички центар „Мајка Тереза“ и ГОБ 8 Септември, во Скопје.
Од Министерството за здравство информираат дека на состанокот се разговарало за моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал.
„Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето Клиники стануваат ковид центри продожува да тече редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања.Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни. Апелирам да се почитуваат здравствените мерки и протоколи бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе, ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, вели министерот.
Слично
