По реакцијата во медиумите претепаниот кој го нападнал Села ќе биде соодветно згрижен
Соодветна здравствена грижа ќе добие Стојан Павлевски чии фотографии ги обиколија социјалните медиуми по објавата на неговата сестра дека со крвави рани лежи на Клиниката за трауматологија.
Од Министерството за здравство велат декаПавлески ќе ја добие соодветната здравствена грижа и ќе биде преместен во соодветна здравствена установа каде ќе прима соодветна терапија.
Надлежните признаваат дека пациентот е во тешка здрастевна состојба и истиот ќе биде префрлен во Геронтолошкиот завод каде би ја добивал нега и третман што се соодветни за неговата здравствена состојба иако лекарите го третирале добро и на Клиниката за Трауматологија.
Сестрата на Стојан Павлески побара од министерот за здравство Венко Филипче да интервенира за да му се обезбеди подобра грижа на нејзиниот брат.
Павлески беше ослободен со условна затворска казна по нападот на претседателот на Алијансата за Албанците откако не беа евидентирани докази против него.
