По промените на политичката сцена, Ахмети е во координација со САД, НАТО и ЕУ
Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави дека има мнозинство.
Додава дека се во контакт со стартешките партнери, ЕУ, САД и НАТО.
„Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, пишува Ахмети на Фејсбук.
Ахмети наведува дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, и во неможност да одговори на сите, порачува, „заедно ќе успееме“.
Нема да постапуваме ниту со емоција , ниту со еуфорија, пишува Ахмети на фејсбук статусот по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.
